Футурама / Технологија
Нова технологија за предвидување земјотреси
Научниците открија нова технологија која може да предвиди земјотрес неколку часа пред да се случи. Ова откритие ќе овозможи оние кои живеат во опасните туристички зони, да бидат однапред предупредени за да се евакуираат.
Стручњаците велат дека онаму каде се случуваат јаки земјотреси, луѓето немаат никакво предупредување за евакуација. Системите кои до сега се употребуваа за детектирање на земјотреси, можеа да предвидат земјотрес неколку секунди пред да се случи. Меѓутоа, во неделниот весник Nature, се вели дека сеизмолозите недалеку од Калифорнија, користеле нова технологија за да откријат промени во земјината кора пред земјотресот.
Со помош на новата опрема, успеале да предвидат два земјотреса неколку часа пред да настанат. Фенлин Њу, сеизмолог од Универзитетот Рајс, Хјустон, Тексас и неговите колеги, вградија сензитивни сонди во земјата со длабочина од еден километар. "Откривме дека промените почнуваат околу десет часа пред да настане земјотресот, со јачина од три степени, а два часа пред тоа јачината се зголемува за уште еден степен".
Сеизмолозите сега се обидуваат да откријат дали потресите би се предвиделе порано, ако ги спуштат сондите на десет километри во земјата.
(Т.Ј)
|