вторник, 15.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Технологија

За три дена продадени милион 3G iPhone

„Apple“ успеа да продаде еден милион „3G iPhone“ и тоа во првите три дена од официјалниот старт на продажбата во САД, Хонг Конг и во уште 20 други земји, соопштија вчера од компанијата.

Во меѓувреме, над 10 милиони апликации се даунлодирани од неодамна отворената App Store за „iPhone“ и „iPod touch“.

Минатата недела, во петокот, корисниците на iPhone, вклучувајќи ги и оние кои во текот на ноќта чекаа во редици пред продавниците на Apple беа крајно фрустрани поради падот на iTunes серверот, кој се блокираше откако новите и старите корисници на „iPhone“ и „iPod touch“ ширум светот се приклучија за да ги соберат најновите апдејтови за софтверот. Преоптоварениот систем ги спречи некои од новите корисници целосно да го активираат својот нов телефон.

Ваквата блокада на серверот сепак не се одрази на побарувачката за новиот модел на „iPhone“.

„’iPhone 3G’ имаше одличен старт. На првиот ’iPhone’ му беа потребни дури 74 дена за да  стигне до милион. Повеќе од очигледно е дека ’iPhone 3G’ е одлично прифатен ширум светот“, изјави извршниот директор на „Apple“ Стив Џобс.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Префрлете ги VHS снимките на DVD
За три дена продадени милион 3G iPhone
„Гугл„ е незадоволен со прометот на „Ју Тјуб“
Среќата имуна на настаните во животот
Од каде потекнуваат метеоритите
Колку струја ви троши компјутерот?
Нова технологија за предвидување земјотреси
LEGO MP3 плеер
Nokia Supernova серија
Ментално управување со игри
Збогум згодни шанкери - здраво бармен-роботу
Рок бенд составен од роботи
Јазикот во помош на инвалидите
SuperDVD со капацитет од 42GB
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи