Футурама / Технологија
Префрлете ги VHS снимките на DVD
Во време на невидена експанзија на Интернетот, сигурно дека вашите видео снимки (VHS – Video Home System) од старите видеорекордери полека заминуваат во заборав, притоа остапувајќи им место на дигиталните медиуми, компакт дисковите (CD) и на дигиталните видео дискови (DVD). Сличното им се случи и на грамофонските плочи кои своето место им го отстапија на касетите, а потоа и компакт дисковите.

Видеоматеријалот на касетите беше втиснат на магнетна лента, која и по својствата и по квалитетот е многу полоша од дигиталните медиуми. Имено, магнетната лента е подложна на абење, со текот на времето ги губи своите квалитети, се додека не стане целосно неупотреблива. Од друга страна, еднаш снимениот материјал во дигитален облик има неколку предности во споредба со старите VHS касети. Главната предност се состои во квалитетот на снимката и долготрајноста, компатибилна е со сите DVD плеери, полесно се управува со неа, а со префрлање на вашите VHS снимки на DVD сте ги заштитиле своите домашни видео записи од потполно исчезнување, што може да ви се случи со постепеното бледеење на магнетната лента.
Во следните неколку реда ќе де обидеме да ви ја објасниме едноставната постапка на преснимување на старите содржини од VHS касетите. За да можете да ги преснимите старите содржини, потребно е да проверите каков тип на приклучок има вашиот стар VHS плеер. За да може вашиот персонален компјутер да ги прими аналогните сигнали од снимката, неопходно е да имате графичка карта која овозможува прием на такви сигнали. Најквалитетни излезни сигнали може да добиете со SCART или S-Video приклучоците. Видот на кабелот и конверторот зависи директно од вашиот компјутер или лаптоп. За тоа ви е потребен кабел со кој ќе ги префрлите снимените звуци преку влезниот приклучок ('line-in') кој е составен дел од звучната карта. Во повеќето случаи тоа е обичен стерео кабел, кој од едната страна има „cinch“ изведба, а од другата страна „micro“ стерео изведба. Кабелот и приклучоците изберете ги согласно вашите влезни конектори од графичката карта.
Откако ќе ги поврзете уредите, каблите персоналниот компјутер или лаптоп, можете да почнете со префрлање на снимките на вашиот хард диск, користејќи соодветен софтвер. Откога ќе ги префрлите, сега веќе дигиталните снимки лесно можете да ги освежите, скратите, премонтирате, благодарение на некои од едноставните и квалитетни софтвери. (Д.Т)
|