петок, 18.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Технологија

Технологија за „фаќање на молњи“

Кинеските научници разработија технологија за користење на енергијата на молњите во научни и стопански цели, која се состои од фаќање на молњите во воздухот и нивно насочување кон колектор на земјата за натамошно истражување и употреба, соопшти соработникот на Институтот за атмосферска физика Це Си Шу. 

Според научникот, за „фаќање на молњите“ се користат ракети засилени со специјални проводници, што се лансираат во центарот на облакот. Ракетата УЛ-1 треба да стартува неколку минути пред ударот на молњата. 

Тестирањето покажа дека точноста на лансирањето изнесува 70 отсто од успешноста на зафатот, наведува агенцијата РИА Новости, пренесувајќи ги кинеските извори.

Енергијата на молњата, како што се истакнува, и електромагнетното зрачење што го произведува ќе најдат примена во земјоделието и во производството на полупроводници. 

Покрај ова, новата технологија ќе влијае на значително намалување на штетите кои ги нанесуваат бурите. Според статистиката, во Кина од удар на громови секоја година загинуваат околу илјада лица, а штетите кои невремето ги нанесува на економијата достигнуваат 143 милиони долари.

Кинеските научници настојуваат да пронајдат метода за користење на енергијата на молњите со голем електричен потенцијал.

Податоците покажуваат дека во светот секоја секунда има по околу 100 удари од гром што претставува огромен извор на електрична енергија.


Наjновo од Футурама
Технологија за „фаќање на молњи“
Збогум за маусите
Наскоро alpha Firefox 3.1
Додека Интернетот не не раздели
Откриена првата „птица“ на светот
Генерално чистење на компјутер
Ласерските оружја од „Војна на ѕвездите“ наскоро реалност
Пристигнува 14,7 пикселниот Samsung дигиталец
Префрлете ги VHS снимките на DVD
За три дена продадени милион 3G iPhone
Нова технологија за предвидување земјотреси
LEGO MP3 плеер
Nokia Supernova серија
Ментално управување со игри
Збогум згодни шанкери - здраво бармен-роботу
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи