Футурама / Технологија
CPU кулер со течен метал
 Компанијата Danamics го произведе првиот CPU кулер процесор кој користи течен метал за разладување.
Течниот метал, како што наведуваат од компанијата има подобри својства за спроведување на топлина, отколку останатите медии кои ги користеа досегашните кулери. Принципот на работа е сличен на оној кој го имаат кулерите на вода, односно течниот метал циркулира по површината која треба да ја лади и на тој начин ја одвлекува топлината.
Покрај течниот метал, кулерот има и мала електромагнетна пумпа, која овозможува циркулација на металот, нешто што овој кулер го прави посебен и единствен. Со патентираната технологија на изработка, компанијата успеа да постигне неверојатно мали димензии, што се должи на отсуството на подвижната пумпа, да направи кулер кој создава бука и најважно од се да троши мала количина на електрична енергија.
LM10 кулерот е прв производ на оваа данска компанија. Засега не е позната цената на оваа компјутерска компонента, ниту пак кога таа ќе се појави на пазарот.
(Д.Т)
|