
|
 |
Футурама / Технологија
|
|
Пловечки фитнес центри
Дали некогаш додека сте вежбале на статичен велосипед во фитнес центар, сте се запрашале како би можела да се искористи сета енергија која ја трошите додека се трудите да ја подобрите физичката кондиција? На ова има одговор архитектот Мичел Јоаким, кој има идеја да ги унапреди фитнес центрите и да ги употреби како пловечки објекти кои ќе пренесуваат луѓе низ реките во Њујорк.
 Концептот на речни фитнес центри е всушност искористување на енергијата која ја произведуваат луѓето додека вежбаат, за пловење. Според Мичел овој проект би требало да ги поттикне луѓето на вежбање и да немаат проблем околу одењето на работа во утринските часови.
 До сега целата енергија која ја трошеле луѓето за вежбање била корисна само за подобрување на нивното здравје и кондиција, но со овој проект таа ќе се искористи и за поширока намена и сеопшта корист.
Овој проект е интересно откритие, кое со својот дизајн ќе им овозможи на луѓето да уживаат додека вежбаат и пловат низ реките. Секоја од овие пловечки фитнес сали е програмирана со одредена патека чиј правец и место на застанување се менува на секои 15 минути. Тоа значи дека освен тоа што ќе служат за вежбање, овие сали со одличен поглед на Њујорк ќе бидат и транспортно средство.
 Иако овој дизајн е наменет конкретно за Њујорк, секој град каде има можност за пловење по реки би можел да го примени. (Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|