вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Футурама / Технологија

Пентагон прави роботи како од “Терминатор“

Американските научници работат на револуционерни воени проекти, кои од темел ќе ја променат природата на војската и нејзините задачи, а еден од најголемите проекти се хемиските роботи способни да се провлечат во отвори помали од нив и потоа да се зголемат десет пати. Управата за персепективно планирање на научноистражувачка работа на Пентагон потпишала неодамна договор со компанијата “иРобот“ за усовршување на  роботите трансформери.

Хемботите ќе имаат еластична структура и висока мобилност, а може и ќе делуваат и во тешко проодна околина. Основна задача ќе им биде извидување во градски услови. Проектот се реализира во тесна соработка со Универзитетот Харвард и Технолошкиот институт во Масачусетс.

Според шефот на компанијата на “иРобот“ Хелен Грејнер, програмот за изработка на роботи кои се во состојба да се враќаат во првобитната големина, форма и функционалност ќе биде оставрување на научната фантастика.

Сите овие проекти поврзани со истражување на програмирани материи, одамна се инспирација за филмовите како Терминатор, а флуидниот робот против кого мораше да се бори Арнолд Швајценегер, сегашниот гувернер на Калифорнија, не се измислици туку екранизација на реалната концептуална замисла на Пентагон.

Активно се усовршува и технологијата на невидливост, која овозможува објектите да останат незабележани. Истражувачите од Политехничкиот институт “Ренселер“ во градот Трој во државата Њујорк, направиле материјал кој е во состојба да впие 99,955 отсто светлост што е условно речено најцрна материја која е некогаш направена. Научниците користеле долги, вертикално распоредени купишта јаглен чија површина прима многу низок коефициент рефлексија. Индекост на рефлексија кај нив изнесува светлина од 0,045 отсто. Порано се сметало дека најмал индекс е 0,17 осто.

Во Националниот институт за стандарди и технологија се чува црна материја со индекс на рефлексија од 1,4 отсто. Таквите материи во иднина ќе добијат широка примена во воената и цивилната сфера, овозможувајќи да се намали воочливоста, стана техниката и луѓето кои изведуваат задачи ноќе или по слаба светлина. Овој проект го финансира американското Министерство за енергетика.


Наjновo од Футурама
Наскоро Windows Cloud
Астрероид влезе во земјината атмосфера
Регистрирано движење на Марс
Samsung Night Effect
„Полесно е да се лаже на и-мejл“
Телефон - проектор?!
Објавена нова верзија на веб страната Macedonia loves you
LG MFFM37 медија плеер
Од ѓубре до сортно вино за 30 минути
Пристига Nokia Tube
Нова верзија на Nintendo DS конзола
Прв 3Д дигиталец од Fujifilm
Sony Walkmаn B-серија
HP iPAQ 914 Business Messenger
Нов вид на рерна за побрзо готвење
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи