
|
 |
Футурама / Технологија
Најјакото природно лепило
Бактеријата Caulobacter crescentus, која живее во реките, потоците и водоводните мрежи, го содржи најјакиот природен лепак, откриваат истражувачите од Универзитетот во Инидијана.
Научниците открија дека треба да употребат сила од еден микроњутн, за да одлепат една ваква бактерија од стаклена пипета. Caulobacter crescentus е толку мала, што сила од еден микроњутн се распоредува низ целата нејзина површина и создава сила од 70 њутни по милиметар квадратен. За споредба, обичното лепило се одлепува доколку се употреби сила од 18-28 њутни на милиметар квадратен.
Ова откритие е од голема корист, бидејќи лепилото функционира и на водена површина и може да биде искористено за различни цели во медицината и инжињерингот.
Оваа бактерија сама се фиксира на камења и во внатрешноста на водоводните цевки. Се нафаќа по целата должина во вид на линија, при што се создава синџир на лепливи полисахариди, кои всушностн се извор на издржливоста на лепилото.
 Предизвик ќе биде да се произведат големи количини од ова лепило, без да се залепат за она што е користено при производството. Со користење на специјални мутанти може да се одвои лепилото од површината на стаклото.
Caulobacter crescentus има способност да живее во екстремни услови каде има недостаток на хранливи материи, што ја објаснува нејзината егзистенција во водоводните инсталации. Не произведува токсини и не е штетна за човечкото здравје.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|