
|
 |
Футурама / Технологија
|
|
Gresso Diamonds - луксузни мобилни
Руската компанија Gresso се чини дека е ориентирана само кон претставување на мобилни телефони, кои вредат повеќе од еден просечен автомобил.
 Со двата нови модела, компанијата се надмина себе си, особено ако се зема предвид дека нивната цена изнесува, 9.000, односно 33.000 евра.
Телефоните доаѓаат под ознаката White Diamonds, и се изработени од квалитетно африканско дрво (African Blackwood), бели дијаманти и 18-каратно злато. Со оглед на фактот што куќиштето им е изработено од африканско дрво старо 200 години, сосема е јасно дека не постојат два исти модела, бидејќи секое парче дрво е единствено.
Поскапиот модел, чија официјална ознака е „Royal White Diamonds“, има вкупно 23 позлатени копчиња, во кои се вметнати бели дијаманти. Поклопецот на батеријата исто така е позлатен, а на него е втиснато логото на Gresso. На пазарот ќе се појават само 200 примероци од „Royal White Diamonds“, а секој од нив ќе чини по 33.000 евра.
Поевтиниот модел, чија официјална ознака е „White Diamonds’ исто така има позлатени копчиња, но „само“ четири бели дијаманти. За разлика од поскапиот модел, овде задниот дел не е позлатен, но затоа има златна гравура со логото на компанијата. Овој модел ќе се продава по цена од 9.000 евра.
Што се однесува до техничките детали, апаратите по ништо не се разликуваат. Екранот им е со резолуција 240x320 пиксели, димензиите им се 119,5 x 48 x 14 мм, работат на Windows Mobile 6 Standard, имаат вградена 64 MB меморија, како и мемориска картичка од 2 GB, Bluetooth, GPRS, мултимедиа плеер, Triband GSM поддршка, 65K TFT дисплеј во боја со QVGA резолуција, microSD мемориски слот и камера од 2 мегапиксела.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|