Футурама / Технологија
Робот со емоции
Робот со човечки емоции вчера е претставен на „Emotibots“ изложбата во лондонскиот научен музеј.

Роботот, кој наликува на дете, има своевидно срце кое отчукува, симулира дишење, а поседува и сензор кој реагира на движење, бучава и допир.
Доколку го галите по екстремитетите, тие стануваат млитави, односно тој е „опуштен“, доколку почнете да му врескате, се вознемирува, се повлекува, рацете му се стегнуваат, а дишењето и отчукувањето на срцето му се забрзува.
Роботот, половина машина, половина кукла е дизајниран од научник од бристолскиот универзитет „West of England“.
Организаторот на изложбата вели дека роботот е вистинска атракција.
„Децата сакаат да се грижат за него, како за кукла или за бебе или едноставно сакаат да го исплашат“, вели Холи Кејв, организатор на „ Emotibots“.
(Д.Т)
|