четврток, 31.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Технологија

Ракетен ранец за секојдневна употреба

Глен Мартин, од Нов Зеланд, создаде реактивен ранец, што претставува прва направа од овој тип, која може да се користи за секојдневна употреба, особено за оние кои сакаат да ја избегнат гужвата во сообраќајот кога одат на работа.

Функционирањето на овој изум, го претстави 16-годишниот син на Мартин, Харисон кој носеше шлем и посебна облека. Харисон успеа да лебди 45 секунди на висина од еден метар, при што двајца луѓе му помагаа да не ја загуби рамнотежата.

Теоретски, овој ракетен ранец има капацитет да прелета 50 километри за 30 минути, со полн резервоар на гориво кој собира околу 19 литри.

Мартин кој работел на овој изум скоро три декади, планира наскоро да го пушти во продажба по цена од 100.000 долари.

Оваа направа е дизајнирана да се совпадне со дефиницијата на Федералната авијациска администрација, за лесно воздушно возило кое тежи помалку од 115 килограми и може да биде управувано од само едно лице кое нема потреба од пилотска дозвола.

Претходните ракетни ранци можеа да издржат само неколку минути лебдење и веднаш остануваа без гориво, но Мартин се надева дека неговата направа ќе се доусоврши и наскоро ќе стане вообичаено средство за превоз.

(Т.Ј)




Наjновo од Футурама
Праќајте пораки до вонземјаните
Ракетен ранец за секојдневна употреба
На што се должи мрзливоста
Aстероидот Апофис и се заканува на Земјата
Со магнет против ајкули
Робот со емоции
I'm phoning in the rain
Gresso Diamonds - луксузни мобилни
Најјакото природно лепило
Пентагон прави роботи како од “Терминатор“
Пловечки фитнес центри
CPU кулер со течен метал
Наскоро OEL екрани и од Јапонија
Cryptex телефон
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи