сабота, 02.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Технологија

Espresso Book Machine

Од октомври во Лондон купувачите на книги од продавачите ќе можат да чујат ваков одговор доколку бараат некои ретко издание: „Го немаме на лагер, но може да ви го отпечатиме за седум минути“.

Британскиот синџир на книжари Блаквел, кој во земјата има околу 60 продавници, е уверен дека станува збор за револуционерен пронајдок кој од корен ќе го измени издавачкиот пазар.

Машината "Espresso Book Machine", производ на американската компанија „OnDemandBooks“ може за седум минути да отпечати книга со квалитет кој одговара на конвенционалното издание.

На почеток, овој суперавтоматизиран „книгомат“ ќе биде поставен во неколку продавници со цел да се опипа пулсот на купувачите.

„Книгите се трајно добро, а ова е голем пронајдок кој на читателите ќе им овозможи поголем избор“, изјави претставникот на Блаквел.

Компанијата вели дека ќе поседува милион наслови во електронска верзија, кои во рекордно време ќе можат да се отпечатат и ќе можат да се продаваат по истата цена како и едициите кои се издадени со користење на традиционалните методи.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Espresso Book Machine
Лаптоп за 10 долари?!
Џиновско езеро на површината на Титан
Како Земјата би изгледала „гола“
Микроскопски микроскоп
Праќајте пораки до вонземјаните
Ракетен ранец за секојдневна употреба
Робот со емоции
I'm phoning in the rain
Gresso Diamonds - луксузни мобилни
Најјакото природно лепило
Пентагон прави роботи како од “Терминатор“
Пловечки фитнес центри
CPU кулер со течен метал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи