
|
 |
Футурама / Технологија
Електронски јазик за вкусување на виното
Доколку ви е тешко да ја направите разликата помеѓу вината Шардоне и Севињон, сега можете да го откриете тоа, со помош на новиот електронски јазик за одредување на квалитетот на виното.
 Лесно преносливиот електронски јазик е направен од страна на Сесилија Хименез-Хоркера заедно со колегите од Институтот за Микроелектроника во Барселона.
Овој електронски јазик, може да ја одреди разновидноста на грозјето и бербата на виното, со притискање на само едно копче.
Дизајниран со поле за контрола на квалитетот, оваа направа е со шест сензори, кои реагираат на сличен начин како човечкиот јазик на вкусовите. Овие сензори ги дефинираат карактеристиките на состојките за одредениот тип на вино, при што тие се мерат и се одредува годината на производство и квалитетот на виното.

Начинот на кој функционира е многу едноставен и брз. Една од предностите на овој електронски јазик е тоа што е лесно пренослив и евтин за производство. Исто така постои можност за досовршување на опциите за одредување на вкусовите на разновидните нови вина.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|