
|
 |
|
|
Футурама / Технологија
|
|
Пет нови дигиталци од Olympus
Olympus претстави пет нови камери, две од серијата Stylus, една ultrazoom и два нови модела од FE-серијата.
 И покрај малите разлики во нивната номенклатура, постои голема разлика меѓу Stylus 1040 и Stylus 1050 SW. Втората, 1050 SW (чија цена изнесува 299 американски долари) доаѓа со 10.1 мегаписели, отпорна e на voda, удари и студ. Интересно е што овој модел има опција „Tap Control“, кој овозможува лесно управување, само до еден допир, одзади, горе или од страна. На пример, за да го вклучите блицот треба да ја допрете камерата од страна двапати. Оваа камера е толку осетлива што реагира на допирот дури и да носите дебели ракавици.
 The Stylus 1040 (чија цена изнесува 199 американски долари) е целосна спротивност на 1050 SW; таа е најтенката камера во серијата, наменета е за оние кои сакаат нивната камера да им одговара со облеката, што значи доаѓа во повеќе бои. Оваа камера е одлична за фотографии во природа.
 SP-565 UZ (чија цена изнесува 499 американски долари) е комбинација од силен телеобјектив и point-and-shoot камера. Оваа 10-мегапикселна камера ги има истите моќни леќи како и SP-570 UZ, но сето овој пат тоа е сместено во помало пакување. Камерата има 5X дигитален зум и тогл кој ви овозможува да следно да фотографирате од потемна кон посветла средина.
 Двете нови камери од FE-серијата имаат 8 мегапикселни сензори, стабилизатори за слика, опција за препознавање на лице, а се достапни во црвена, сина, црна и сребрена варијанта. Главната разлика меѓу FE-360 (149 американски долари) и FE-370 (199 американски долари) е оптичкиот зум, првата доаѓа со 3X зум, додека другата со 5X зум. Но, 370 има и уште една интересна опција, на пример smile mode кој слика само кога објектот е насмеан.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|