3D телевизија
DDD Group, компанијата за 3D решенија, потпиша спогодбен договор за развој со Hyundai IT Corp, со цел да се прошири синџирот на 3D HD телевизори, кои DDD ги инкорпорира во TriDef Core хардверски решенија. Според условите на договорот, DDD ќе ги обедини своите TriDef Core решенија со 32-инчните LCD телевизори на Hyundai. Новите LCD модели, е планирано да се појават во октомври во Јапонија, за поддршка на телевизиската програма на Nippon BS Broadcasting корпорацијата. 
TriDef Core е вообичаено коло што вклучува 2D видео електроника во LCD HD телевизорите. 3D елементите овозможуваат процесорот да ги декодира BS11 сигнали за пренос, да репродуцира специјално кодирани Blu-ray дискови и да изврши промена од 2D во 3D формати на стандардните содржини. „Многу сме задоволни што со оваа соработка, ќе се прошири синџирот на 3D LCD телевизори подобрени со DDD TriDef решенијата, и сметаме дека ова дефинитивно ќе ја зголеми продажбата на пазарот за околу 40%“, вели Крис Јидол, генерален директор на DDD.
|