Магична пегла која не ја гори облеката?!
Луѓето кои не внимаваат додека пеглаат и најчесто завршуваат со црни флеки на облеката ќе треба во иднина да си ја купат новата „магична пегла“ која ја произведе компанијата Ariete.

Микро сензорите кои се наречени „auto lift“ ја прават пеглата паметна, па благодарение на нив таа “знае” кога некој ја држи, а кога никој не ја користи.
Кога магичната пегла е свртена кон долу, а никој не ја држи, таа автоматски испушта пареа која ја спречува жешката површина на пеглата да ја изгори облеката, пренесуваат британските медиуми.

Ако пеглата не ја користите осум минути, таа автоматски се исклучува, така да е спречена секоја можност да избие пожар.
Компанијата Ariete има седиште во Италија, а новата пегла во таа земја чини 65 евра.
|