Smart телефон и tablet компјутер во едно?!
Американската компанија Motorola на почетокот на февруари ќе претстави smart телефон со името MOTOROI, кој ќе работи со оперативниот систем Android.
Уредот најпрво ќе се појави на пазарот во Јужна Кореа, а потоа и во остатокот од светот.

Новиот smart телефон, кој претставува комбинација на мобилен телефон и tablet компјутер, има камера од осум мегапиксели, екран осетлив на допир и големина од 3,7 инчи, GSM конекција и можност за снимање на материјал во 720p HD резолуција.
Корејската верзија ќе има поддршка и за мобилна TV, а се верува дека европската верзија нема да биде опремена со T-DMB дигитален TV тјунер.
Motorola за сега не ја објавува цената по која ќе се продава MOTOROI, ниту пак точниот датум кога ќе се појави на пазарот.
|