Луксузен летачки крузер ќе ги замени авионите?!
Британската компанија „Seymourpowell“ претстави нов вид на транспорт – луксузни летачки крузери кои би можеле да значат нова ера за авионскиот транспорт.

Летачкиот крузер е опремен со најлуксузни апартмани и барови кој настанал како конта одговор на брзите и преполни авиони, а и самото мото на овој иновативен концепт гласи „Бавноста е нова брзина“.
Ник Талбот, креативниот директор на компанијата „Seymourpowell“ од Лондон истака дека овој летачки крузер претставува иднината на луксузниот транспорт, и ова всушност е нешто помеѓу летачки хотел и крузер.
- Во светот во кој брзината е скоро универзална опсесија, самата идеја за лежерен и бавен транспорт претставува целосна контраст, изјави Талбот.

Летачките бродови го доживеаја својот врв уште во 1930 година, Имено, тогаш германските летечки бродови Zeppelin, во недостаток на бомбардери, биле користени над цела Европа.
Меѓутоа, денешните летачки бродови се нешто сосема друго. Конструирани се на начин да ја заштитат околината, а при тоа на патниците да им овозможат нешто повеќе од луксузно патување. Летечкиот крузер достигнува брзина од 145 километри на час, а работи на соларна енергија во комбинација со кислород.
- Ова за нас е проект од сништата. Во доба кога заштитата на околината е примарна цел за секој производител, ние успеавме да создадеме вистинско чудо. Идејата се надевам ќе биде реализирана до 2015 година, изјави Сеунг Мин Кин, креативен директор во компанијата „Samsung Construction and Trading“, а пренесува Daily Mail.

|