петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Футурама / Технологија

Излезе првиот 3D весник во Европа

Белгискиот дневен весник на француски јазик La Derniere Heure (DH) го промовираше првото европско издание на весник во 3D формат. Секој од читателите ќе добива и специјални бесплатни очила кои овозможуваат прегледување на содржините.

Секоја фотографија и рекламите во посебното издание се тродимензионални, но текстуалниот дел останал непроменет, јавува BBC.

Уредникот на DH изјави дека поради големите трошоци тие не планираат секојдневно да го издаваат 3D весникот.

Критичарите во Франција го поздравија весникот, но објавија дека конечниот резултат е далеку од совршен.

Уредникот Хуберт Леклерк откри дека подготвувањето на ова издание траело два месеца, а форматот на весникот е поголем од нормалниот. Во  продавници за весници се најдоа 115.000 примероци.

- Слушаме за 3D кина, телевизии и видео игри, па поради тоа решивме и ние да направиме нешто. Потребно е само неколку минути за да се навикнете на фотографиите во 3D, изјави Хуберт.

Сепак, многумина од читателите не биле задоволни од матните фотографии на кои им било тешко да се фокусираат.



Наjновo од Футурама
Ужасни Photoshop грешки - прв дел фото галерија
Езеро во Аргентина ја крие тајната на животот во вселената?
Пакет за македонски јазичен интерфејс за Windows 7
Прв 3D фотоапарат кој снима и 3D видео записи  видео
MySpаce ќе се интегрира со Facebook
Иднината пристигна: Фустан и мобилен во едно
Gmail Priority Inbox ги сортира мејловите за вас видео
Canon ќе понуди неверојатни 120 мегапискели
Управување телевизор со мавтање со рацете
Прва 3Д телевизија за која не се потребни очила
Британка најбрзо на светот пишува СМС - пораки
Sharp разви 3D камера за мобилни уреди
Motorola најави супер smart телефон
Sanyo претстави минијатурна џебна камера
Во иднина автомобилите ќе ги управуваме со очи?
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи