Парламентиот на Украина ја прифати оставката на претседателот Арсениј Јаценјук

Киев, 12 ноември (МИА) - Парламентот на Украина ја прифати оставката на председателот Арсениј Јаценјук. Одлуката е донесена со 233 гласа на пратенциите од вкупно потребните 226 во 450-члениот парламент.

За оставката на Јаценјук гласаа проруската опозиција (Партијата на регионите и Комунистичката партија), Блокот на Литвин, како и 10 пратеници од партијата на претседателот Виктор Јушченко, кои сметаат дека Јаценјук не го поддржа барањето на шефот на државата за нови избори во Украина.

Блокот на премиерот Јулија Тимошенко се обиде да го спречи гласањето за оставката на Јаценјук, соопшти Франс прес.

Неколку пратеници се обидоа да го блокираат електронскиот систем за гласање и влегоа во судири со претставници на Партијата на регионите.

Според локалниот печат, блокот на Тимошенко стравува дека разрешувањето на Јаценјук може да доведе до паѓање на владиниот кабинет.

Според набљудувачите, отстранувањето на Јаценјук поделениот парламент го исправа пред тежок процес на избор на нов претседател, што веројатно ќе попречи во напорите за протуркување на закон за справување со последиците од светската финансиска криза.

Во септември претседателот Јушченко повика на организирање предвремени избори по распадот на владеачката коалиција и разијдувањето со поранешниот сојузник Тимошенко. Јаценјук, долгогодишен приврзеник на претседателот, поднесе оставка еден ден по разпадот на владеачката коалиција.

-Најважно е сега да не дозволиме блескав погреб на украинскиот парламент, изјави Јаценјук и вети дека ќе продолжи со плановите за формирање нова политичка партија.

-Бев отстранет, но ќе се вратам. Само не на оваа должност, рече Јаценјук.

Тимошенко го обвини претседатолот за отстранувањето на Јаценјук. Според неа,Јушченко се стреми да ја „забие последата шајка во ковчегот на демократската коалиција“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...