вторник, 09.02.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Здравје / Исхрана

Како здраво да ослабете

Ова се совети како да ослабете без строги диети:

- Пијте многу вода и течности кои немаат калории (умот може да се збуни и кога сте жедни да мислите дека сте гладни)

- Размислувајте за тоа што треба да додадете во исхраната, а не да исфрлите (немојте веднаш да почнете со откажување од нештата кои ви се допаѓаат, додајте здрави производи во вашето мени)

- Размислете пред да јадете дали и колку сте гладни (обично не сме толку гладни колку што мислиме, затоа првин размислете и потоа почнете да јадете полека)

- Внимавајте со доцните ужини (или грицкајте овошје и зеленчук, или не влегувајте во кујната после вечера)

- Уживајте во вашето омилено јадење (немојте да престанете да ја јадете омилената храна, треба да ослабете не да се казните)

- Почестете се со нешто кога не сте дома (кога ќе поминете покрај слаткарницата од време на време купете си еден сладолед)

- Дневно јадете неколку мини оброци (подобро е калориите да бидат поделени во повеќе но помали оброци, така полесно се контролира гладот и тежината)

- Вклучете протеини во секој оброк (протеините најмногу заситуваат и затоа ќе изедете помалку)

- Зачинете ја храната (зачинетата храна заситува многу побргу)

- Во кујната чувајте само здрави производи (немојте да чувате многу слатки, чипс зошто сигурно ќе паднете во искушение)

- Во рестораните нарачувајте детски оброк (мала пица, мал сендвич така и кога јадете надвор нема да се здебелите)

- Јадете сезонски плодови (секогаш јадете го овошјето и зеленчукот кога им е сезоната, тогаш се највкусни и најздрави)

- Заменете го лебот и тестенините со зеленчук (најголеми непријатели на тежината се лебот и тестенините)

- Кога сте под стрес релаксирајте се на друг начин, без храна (кога сте нервозни или тажни не посегнувајте по храната и не барајте утеха во кујната)

- Бидете што поактивни физички (шетајте, вежбајте, согорувајте ги калориите).


Наjновo од Здравје
Премалку сон кај децата го зголемува нивото на шеќер во крвта
И течностите можат да му наштетат на организмот
Како до мирен сон без 'рчење
Пивото е добро за коските!
Лекување на астма
Пушењето и срцевиот удар
Од што боледуваат генијалците
И белото вино создава дамки на забите
Откриена тајната диета на Маргарет Тачер
Докажано дека енергетските пијалаци се опасни
Засладени газирани пијалоци за мудри одлуки
Сок од грејпфрут за подобро искористување на Q 10
Една чаша вино дневно го намалува холестеролот
Свинското како афродизијак
Ни со здравата исхрана не треба да се претерува!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи