Со јаболка против деменција
 „Една јаболка на ден за да си здрав како дрен“ е позната стара изрека. Имено, најновите истражувања, објавени во последниот број на магазинот Journal of Food Science утврдиле дека јаболката, бананата и портокалот штитат од неуродегенеративни болести, како и од Алцхајмеровата болест. Најделотворна во спречување на појавата на деменцијата се покажала јаболката, потоа бананата, и на крај портокалот. Се смета дека за благотворното дејство на овошјето е заслужно синергиското делување на полифенолот кои тие го содржат. Со оглед на тоа што јаболката, бананата и портокалот најчесто се користат во исхраната, ова откритие може да има голема важност во борбата против неуродегенеративните болести. {Д.Т}
|