Циметот ем зачин – ем лек
Одличен додаток во колачи и пијалаци. Циметот често се користи во за подобрување на вкусот, но според научните истражувања може да се користи и за подобрување на здравјето. Студија од 2003 година утврдила дека циметот го намалува нивото на шеќерот во крвта кај дијабетичарите, а го снижува и нивото на триглицеридите и липопротеините со мала густина (LDL), кои се главни носители на холестеролот.
 Овој зачин, инаку се добива од кората на дрво кои спаѓа во групата на ловори, а потекнува од Шри Ланка. Од кората се добива стапчиња, која подоцна се меле или ренда до ситен прав, каков што го знаеме. За лек се употребува само кората, а останатите делови како зачин. Плодовите не се јадат, од нив се истискува смола за миризливите свеќи. Од листовите кои се стават во јадења (слично на ловорот), се прави масло од кое се користи за правење циметова вода и тинктура. Маслото е толку силно што доколку падне на кожа може да предизвика изгореница. Ако капка од маслото се стави врз шеќер со добива „циметов шеќер“ кој се користи за зајакнување на желудникот. Надворешната кора нема лековито својство. Корисна е само внатрешноста, која има светлорозево- кафенкаста боја. Ако кората, кога ќе ја ставите на јазик е горка, тогаш тоа не е цимет, туку некоја друга кора. Поради танинот кој се наоѓа во циметот, тој се користи и како лек против дијареја.
{Д.Т}
|