Калинка = Вијагра
Научниците тврдат дека сокот од калинка може многу да им „помогне“ на мажите при подобрување на перформансите во кревет.
Една чаша сок на ден може да делува како вијагра, покажуваат новите истражувања. Скоро половина од мажите кои еден месец го пиеле сокот изјавиле дека чувствуваат подобрување на потенцијата. Се смета дека сокот од калинка е богат со антиоксиданти кои го зголемуваат протокот на крв во пенисот. Како и лековите за потенција, и антиоксидантите го подигаат нивото на оксидот кој ги релаксира сидовите на крвните садови. Педесет и три волонтери, на возраст од 21 до 70 години, со благи или умерени проблеми пиеле сок од калинка со вечерата. Доктор Кристофер Форсит, научник од универзитетот во Лос Анџелес, Калифорнија вели: „Сокот од калинка има голем потенцијал во лечењето на ерективната дисфункција“. Калинката до сега беше фалена како „магично овошје“ способно да го намали ризикот од срцев удар, како и да ја спречи појавата на рак на простата. Се смета дека ова овошје во себе има повеќе антиоксиданти отколку било кој друг сок, чај или црвено вино. {Д.Т}
|