Зошто диетите не делуваат?
 Колку помалку јадеме, толку повеќе мислиме на храна. Ова се некои од факти за исхраната. Биолошки причини Организмот на луѓето е механизам кој го штити телото при чувство на глад. Станува збор за самозаштита, метаболизмот станува по спор, а работата на органите се сведува на минимум што е потребен за преживување. Телото троши помалку калории, па ни килограмите не се намалуваат брзо, пропорционално на изгладнувањето. Секој кој што е на диета мора да признае дека само по неколку изминати дена од диетата, не може да размислува за ништо друго, освен за храната. Емоционални причини Роденденска забава, Божиќ, разни прослави... Сите овие ситуации имаат заеднички две работи: забава и храна. Од друга страна, диетите строго забрануваат секакво врзување за храната: “треба да се јаде само онолку колку што е неопходно” . “Програмирани” сме да се буниме против правилата кои не ограничуваат Луѓето по краток или долг период на диета тешко се справуваат со нејадењето и најчесто се препуштаат на храната како да сакаат да го надополнат пропуштеното. Тие се прејадуваат, што е резултат на незадоволството од наметнатите правила, а својот револт и бес го искажуваат преку огромни количини на храна. (М.Ж)
|