Здравје / Исхрана
Суви сливи за појаки коски
 Сувите сливи го штитат срцето намалувајќи го холестеролот и спречувајќи ја оксидацијата LDL холесторолот, покажуваат најновите научни истражувања. Консумирањето на 10 до 12 суви сливи дневно го спречува губењето на коскеното ткиво, што е последица на опаѓање на нивото на естрогенот, на тој начин што го снабдува организмот со минералот кој ја олеснува апсорпцијата на калциумот. Нутриционистите препорачуваа сувите сливи да се јадат за ужина или заедно со житарки, да се користат во колачи или од нив да направите пире кои одлично би одговарало со утринскиот тост. Досега е утврдено дека влакната на ова суво овошје помагаат при снижување на холестеролот и при запек. Сливите, како и јаболката, вишните, крушите и кајсиите содржат сорбитол – шеќерен алкохол кој се користи како замена за шеќер во производството на диетални производи за дијабетичари и останати лица кои внимаваат на вносот на шеќери. (Д.Т)
|