Здравје / Исхрана
Тајна на одржување на вито тело
Без разлика дали сте ѕвезда или обична смртница, секогаш ќе направите се за да го намалите бројот на килограмите. Можеби броењето на калориите е демоде, но диетите се враќаат во голем стил. Наспроти ретроградните режими на строг стил како што се диетите за колкови и бутови, која имаат за цел да ги симнат мастите, денешните диети се ставаат во групата на превентивни здравствени мерки кои ќе не заштитат од сите болести на модерната цивилизацијата – дијабетисот, високиот крвен притисок, холестеролот, ракот, срцевите болести. Но, естетиката е една од примарните причини поради кои се одлучуваме за диета. Како да го одржите витото тело без многу филозофии? Еве неколку совети: 
Однесувајте се како долгорочен губитник. Појадувајте, мерете се секоја недела, пробајте диета со малку масти и полна со сложени јаглехидрати, секој ден работите нешто активно, идеално по еден час секој пат. Зададете си мерни цели. Симнувајте ги килограмите на рати, никогаш повеќе од десет отсто од вашата моментална телесна тежина. Потоа, неколку месеци живејте со изгубените килограми, пред повторно да почнете со диетата. Бидете реални. Да се има вито тело е здраво, но ако потребата да се има такво тело стане константна борба, тоа не в ред. Задоволете се со величини 6 или 8, наместо 4. Намалете го бројот на јаглехидратите во фазата на слабеење. Намалете ја количината на леб, тестенини и компир, но задржите нешто од житарките во диетата. За време на фазата на одржување на тежината, зголемете ги јаглехидратите од житарките, но избегнувајте го преработениот скроб и шеќер. Јадете помалку и разновидно. Ослободете се од желбата јадејќи разновидни живописни овошки и зеленчук, па разни житарки и протеини. Не ги отфрлајте мастите од исхраната. Наместо високо калорични намерници со малку или без масти, земете моносатурирани масти во вид на орев или маслиново масло. (Д.Т)
|