Здравје / Исхрана
Мед и цимет како лек
Медот може да помогне во многу заболувања, ова денес го потврдуваат и медицински специјалисти и научници кои неодамна спроведоа студија која се однесува на мешавина на мед и цимет како лек.
Медот нема споредни ефекти ниту контраиндикации. Еве кои болести медот и циметот може да ги излечат или да ги спречат. Артритис Ако се масира болното место со мешавина на мед и цимет се гарантира подобрување на болеста. Ќелавење Косата треба да се намачка со мед и цимет пред бањање и така да се држи 15 минути, потоа смесата треба да се измие. Забоболка Една лажичка мед со прав од цимет треба да се стави на болниот заб. Ова може да се повторува 3 пати на ден Холестерол 2 лажички мед и 3 лажички прав од цимет треба да се помешаат со 4,5dl чај, тоа ќе го намали холестеролот во крвта за 10% во рок од 2 часа. Настинка Медот може да се јаде вообичаено, со храна, со чај, со млеко за да се ублажат болките во грлото и мускулите. Стомачни болки Медот ги лечи чиревите во зачеток, треба да се консумира заедно со прав од цимет. Болести на срцето Треба да се консумира мед и цимет намачкан на леб или да се јаде секојдневно за појадок чист, на тој начин се заштитува срцето на долгорочен план. Имунолошки систем Дневната употреба на мед и цимет штити од напад на бактерии и вируси. Слабеење Најдобриот начин да ослабете е за појадок и вечера да консумирате мед, најдобро е во топла вода да ставите 2 лажички мед помешан со цимет. (И.Ј)
|