Здравје / Исхрана
Како да издржите во диетата
Многу луѓе успеваат неколку недели да се придржуваат кон правилна исхрана или диета, но веднаш потоа ја прекршуваат и ги враќаат килограмите.
Можеби е потребно само малку напор за да имате линија каква што посакувате. На пример, во петок навечер грицкате чипс и пиете газирани сокови. Истражувањата покажале дека слабеењето најмногу зависи од тоа дали се придржувате кон диетата и кој вид диета држите. Она што досега се покажало како најделотворно е старото правило дека треба да јадете количински толку храна колку што ви собираат двете дланки во еден оброк. Значи, подобро е да јадете почесто, но во многу мали количини. На тој начин телото брзо ги преработува малите порции, па маснотиите немаат шанса да ве здебелат. Ако чекате до моментот кога ќе бидете премногу гладни, голема е веројатноста дека ќе се прејадете. Запаметете дека се брои колку калории сте изеле во еден ден, а не колку често сте јаделе. Затоа опцијата да јадете малку, а често е најдобар начин да се придржувате кон диетата. (И.Ј)
|