сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Здравје / Исхрана

Моќта на овошјето

Свежото овошје уште одамна се користело за нега на кожата и косата поради тоа што е богато со витамини, ензими, протеини и минерали. Богато е со овошна киселина која помага при површинско чистење на кожата, а притоа дава блескав, изедначен и нежен тен.

Со оглед на тоа што во пролетниот и летниот период не се препорачува да се користат креми богати со концентрат од овошна киселина, пробајте ги препаратите со екстракт од овошје кои имаат идеална формула за нега од глава до петици.

Косата сјае со јужно овошје

Овошјето како состојка во шампоните, балсамите и маските за коса може да направи чудо со вашата коса. Иако препаратите претежно содржат витамински коктели од различно овошје, не е лошо да знаете како одредени типови на овошје влијаат на вашата коса. Кивито го спречува нејзиното кинење и сушење, праската го враќа сјајот, јаболкото го спречува електрицитетот, кокосот регенерира, а калинката го спречува опаѓањето на бојата.

Киви против брчки

Во пролетниот и летниот период на вашето лице ќе му годи лесна, хидратантна крема, освежувачки тоник и хранлива маска. Според типот на кожата изберете препарати со екстракт од одреден вид на овошје. Имајте на ум дека екстрактот од киви придонесува за зголемено производство на колаген, ја освежува и хидрира кожата, а екстрактот од малина ги намалува брчките и ја матира кожата. И на кожата на усните им е потребна нега и затоа нахранете ја со балсам кој мириса на егзотично овошје.

Цитрусите ги затегнуваат нозете

По негата со препаратите со цитруси, повторно можете гордо да ги покажете своите нозе. Лосионите кои содржат екстракт од киви, цитрон и јаболка подлабоко ја хидрираат кожата, а со редовно користење придонесуваат за нејзино зацврстување, но истовремено ја прават поеластична и затегната. Масажата на нозете, од стапалото па се до препоните, со освежувачко масло на база на мандарина и авокадо веднаш ве релаксира, го отстранува чувството на тежина и замор и ја омекнува кожата. Препаратите со екстракт од лимон се идеални во борбата против прекумерното потење на стапалата и за елиминација на непријатните миризби.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Предност на големиот задник
Воспалени синуси - антибиотици не
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
Со шпаргла до здравје и среќа
Исхраната при контрола на епилепсијата
Со јогурт против алергија
Доматот и ризикот за заболување од астма
Млекото не дебелее
Моќта на овошјето
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи