Здравје / Исхрана
Млекото не дебелее
Млекото, без разлика дали е обично, чоколадно или со некоја друга арома не влијае лошо врз индексот на телесната маса на децата и на адолесцентите, покажува новото научно истражување објавено во „Journal of the American Dietetic Association“.
Истражувањето, спроведено врз 7.500 средношколци, покажало дека нивото на витаминот А, калциумот, фосфорот, магнезиумот и калиумот е поголемо кај децата кои редовно пијат млеко. Нивото на калциум кај адолесцентите било попозитивно кај оние кои пијат млеко (обични или ароматизирано) отколку кај оние кои го избегнуваат.
Ароматизираните млека би можеле да бидат голем извор на дополнителна количина на шеќери, но кај децата кои ги сакаат ваквите напивки не е забележана дополнителна количина на шеќери.
(Д.Т)
|