
|
 |
Здравје / Исхрана
Доматот и ризикот за заболување од астма
Исхраната богата со антиоксиданси го намалува ризикот за заболување од астма, покажа едно австралиско истражување. Студијата се занимаваше најмногу со тоа како доматот влијае на здравјето затоа што токму тој е многу моќен антиоксиданс ликопен.
Практична потврда лекарите добија после седмомесечниот експеримент на 30 лица заболени од астма. Испитаниците прво добивале храна во која имало ниско ниво на антиоксиданси, а во исто време конзумирале екстракти и други производи од домат богати со ликопен.
Добиените резултати покажаа дека доматот го намалува ризикот како и симптомите кои се појавуваат пред или за време на болеста. Со овој резултат, научниците заклучиле дека доматот треба да се вклучи во терапијата која ја примаат заболените од астма.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|