
|
 |
Здравје / Исхрана
Со јогурт против алергија
Сапрофитните бактерии кои, нормално, се наоѓаат во јогуртот можат да бидат корисни за бебињата со егзем и други алергиски состојби, откриле финските стручњаци.
Станува збор за lactobacillus GG, која заедно со другите сапрофитни бактерии одржува поволен однос на бактериските видови во цревата и така позитивно влијае врз одбранбените способности на организмот.
Во истражувањето на финските експерти учествувале 159 бремени жени со семејна анамнеза на разни алергиски болести, кои земале препарат со лактобацилус и плацебо и тоа два пати дневно во последните три недели од бременоста. Терапијата била продолжена и по породувањето, а бебињата хранети со шишенце добиле соодветно количество препарат растворен во вода. Сите деца биле прегледани во третиот, шестиот, дванаесеттиот, осумнаесеттиот и дваесет и четвртиот месец од животот. Во групата која добивала лактобацилус, 23% од децата развиле егзем до втората година од животот во споредба со 46% од децата кои добивале плацебо.
Детскиот егзем е алергиска состојба, која се карактеризира со промени на кожата, црвенило, оток, чешање и чести бактериски инфекции. Во последните децении оваа болест и другите алергиски болести се во пораст. Во САД, од егзем боледуваат 10 отсто од децата и 3 отсто од возрасните луѓе. Во две третини од случаите детскиот егзем се губи целосно до пубертетот.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|