Здравје / Исхрана
Со шпаргла до здравје и среќа

Шпарглата е ниско калоричен зеленчук, кој не само што е добар за вашата фигура, туку ве први среќни. Овој зеленчук го снабдува организмот со магнезиум, фолна киселина и витамин , со што се зајакнува срцето и крвотокот и се забавува прераното стареење на кожата. Шпарглата исто така е богата со калиум, кој помага при чистењето на бубрезите и мочните канали, а ја подобрувате и работата на дигестивниот систем. Главна состојка на шпарглата е аминокиселината асарагин која ја поттикнува работата на бубрезите, го активира црниот дроб и жолчката, а со тоа го поттикнува и исфрлањето на отровните материи од организмот. Шпарглата исто така е добра за концентрација и ги зајакнува нервите. Најновите студии потврдуваат уште едно позитивно дејство на овој зеленчук, имено шпарглата во нашиот мозок го активира хормонот за среќа. Шпарглата спаѓа во групата на зеленчуци со мала најкалорична вредност, односно на 100 грама шпаргла има само 17 калории. Покрај тоа шпарглата содржи и хром кој ја забавува појавата на глад. Белата и зелената шпаргла ги имаат речиси истите витални состојки. Зелената повеќе хлорофил, кој помага за подобро помнење, а белата има повече аспаргин кој пак дава повеќе снага. Најздрав начин на јадење на шпаргла: сварете ја, да омекне, попрскајте ја со маслиново масло и на крај ставете малку зачини и пармезан. (Д.Т)
|