Здравје / Исхрана
Исхраната при контрола на епилепсијата
Британските научници утврдиле дека храната која содржи високо ниво на масти може да помогне во проретчување на епилептичните напади кај децата, сугерираат британските научници, пишува стручниот магазин „Lancet Neurology“.
Резултатите, покажуваат дека со помош на таканаречените кетогени диети, бројот на епилептичните напади може да се намали за третина, а во некои случаи и за 90 отсто.
Со истражувањето, спроведено во лондонската „Great Ormond Street Hospital“, се опфатени 145 деца на возраст од две до 16 години кај кои секојдневно се регистрирани епилептични напади и покрај тоа што секојдневно земаат најмалку два лека.
Според научниците, храната богата со масти, а сиромашна со јаглехидрати, и со контролирана количината на протеини го менува метаболизмот на организмот притоа давајќи ефект на глад.
Научниците сметаат дека диетата придонесува за создавање на кетони при топењето на мастите, кои пак делуваат на намалување на епизодите на епилепсија.
Сепак, воочени се и попратни негативни појави, кои се последица на ваквиот начин на исхрана, а тоа се констипација, повраќање, намалено ниво на енергија и зголемен глад.
(Д.Т)
|