
|
 |
Здравје / Исхрана
Како да издржете на диета
Во текот на денот редовно јадете и не сте гладни, но затоа навечер имате напад на глад. Тешко е да се оддолее на искушението кое се наоѓа во фрижидерот, да се надмине слабоста и да се победи желбата за хедонистичкото уживање во храната. Честопати по оброкот имате грижа на совест, но веќе е доцна. Затоа намалете ја грижата на совест со внимателно избирање на храната.
За да ја спречите желбата за вечера, преземете ја контролата и испланирајте го ноќниот оброк. Нека тоа биде оброк од 150 калории. Малку овесни снегулки,овошна салата, пудинг или неколку коцки чоколадо кои ќе ви го згаснат гладот. Во секој случај тоа мора да е храна која е лесна за желудникот. Чаша млеко или јаболка, не е лош избор.
Познато е дека по некои емоционални проблеми многумина бараат утеха во храната, но чоколадото, сладоледот или кесата чипс сигурно нема да ни ги решат маките, туку на врат може да ви накалемат нови проблеми – оние со килограмите. Затоа пред да го отворите фрижидерот и да навалите на сладоледот, размислите што ќе ја пополни празнината и ќе ве извлече од тагата.

Пред се, добро испланирајте ја вечерта, така што ќе се одвратите од мислите за храна. Желбата за неа ќе се јави, но ќе исчезне по 15 минути доколку се зафатите со некоја работа. Гладот може да се јави кога сте сами и не знаете што да правите со себе.
Тешките јадења, особено оние зачинетите ќе го оптоварат вашиот дигестивен систем. За да ги избегнете проблемите од тој тип, внимавајте меѓу последниот оброк и одењето в кревет да мине најмалку еден час. Секако дека е најдобро во станот да не држите нездрава храна, наполнете го фрижидерот со здрава храна која нема да предизвика чувство на вина кога задникот ќе ви виси од фрижидерот.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|