Здравје / Исхрана
Што не тера да јадеме?
Стомачен хормон ги тера луѓето да јадат, правејќи ја храната да изгледа повеќе привлечна и пожелна.
Според истражувањата, докажано е дека центрите за награда и желба за храна реагираат поинтензивно на слики од храна кои им се покажани на луѓе со предходна инфузија на хормон познат под името “грелин“.
Резултатите покажуваат дека двата двигатела за исхранувањето – метаболистичките сигнали и сигналите за задоволство се всушност испреплетени.
Ако појдете во супермаркет гладни, секоја храна ќе ви изгледа убаво. Вашиот мозок ќе направи споредба на бенифициите во однос на трошокот на секој тип храна.
Ваквото однесување кон исхраната, кое може да се појави при нутрицистички или калорични недостатоци, може да овозможи адаптибилна предност кај луѓето.
Но, во нашата племенита околина, поверојатно е дека ќе се појави зголемена угоеност на луѓето или некоја слична болест, отколку контрола над хормонот.
Познато е дека нивото на грелинот расте пред оброците и опаѓа веднаш после нивното конзумирање, што покажува дека предизвикува глад и желба за јадење.
Исто така потврдено е дека грелинот ја активира желбата за глад преку неговите реакции над хипоталамусот, каде рецепторите за грелин се густо концентрирани.
Освен за исхраната, хормонот влијае и над неколку мозочни региони меѓу кои се тие за награда и мотивација.
(Б.Т)
|