петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Исхрана

Жените јадат поздраво од мажите

Американските научници открија дека машките и женските тела реагираат сосема различно на иста храна. Жените, по правило, повеќе размислуваат за здравата исхрана од мажите, но американските научници тврдат дека тоа има повеќе врска со телото отколку со волјата.

Тестовите извршени на глувци докажуваа дека поради хормоналните разлики со пиењето исто количество алкохол жените се во поголема опасност од оштетување на црниот дроб. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија го набљудувале нервот кој од мозокот поминува низ грлото, хранопроводникот, белите дробови, панкреасот, срцето, црниот дроб, па оди понатаму низ системот за варење. Овој нерв е мошне важен за варењето и се активира во текот на консумирњето храна. Истражувачите ја набљудувале неговата работа кај мажите и кај жените за време на нормална состојба и при отежнати услови, а ја мереле и брзината на празнењето на желудникот.

Кога кај мажите работата на овој витален нерв била инхибирана, празнењето на желудникот доцнело, но кај жените истиот проблем не предизвикал никакви промени. Кога нервот ќе почнел нормално да работи, мажите произведувале повеќе инсулин и повеќе полипептиди од панкреасот. Според мислењето на истражувачите, ова е главната причина за различниотвкус во исхраната што владее меѓу половите.

Во текот на посебна студија на Универзитетот во Питсбург, истражувачите го набљудувале влијанието што го има алкохолот врз машките и женските. Имено, етанолот, активна состојка на сите алкохолни пијалаци, има убиствено дејство врз црниот дроб. Во текот на 30-дневното консумирање алкохол, глувците равиле симптоми поврзани со сериозното консумирање алкохол, како што е воспаление и здебелување на црниот дроб. Но, истересно е дека природниот генетски механизам кој го штити црниот дроб од алкохолните оштетувања, не е толку ефикасен кај женските како што е кај машките. Нивниот заклучок бил дека сите жени се изложени на поголем ризик од оштетување на црниот дроб отколку мажите кои пијат исто количество алкохол.


Наjновo од Здравје
Тофу за здравје
Вакцината против менингитис Б делува
Со доење против артритис
Од голем стомак до деменција
Вегетаријанците се подобри љубовници
Отровот од шкорпија - надеж за заболените од рак
Генот поврзан со прееклампсија
Откриен генот што го поттикнува апетитот
Акриламидот предизвикува рак на бубрези
Природата ни нуди детоксикација
Жените јадат поздраво од мажите
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
Со шпаргла до здравје и среќа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи