сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Исхрана

Магдоносот не е само зачин туку и лек

Раскошното и топло сонце, прекрасното сино небо, чистиот и свеж воздух негибнат од тркалото на цивилизацијата, без големи примеси на смог и загаденост, високите сртови и планини кои благо навегуваат во котлините и долините, се збогатени и со лековити растенија, разноразни билки распостелени како скапоцена прекривка врз плодородната земја. Традиционалната медицина е богатство со кое Македонија се гордее. Билкособирањето е специфичен печат на народната траиција во земјава каде високите температури не се исклучок, есента долга, а зимата блага и идилична.

Билките кои влегуваат во состав на чаевите се еколошки чисти, растат високо во планините, а нивното лековито дејство е засилено од сончевите зраци. Овие производи се добиваат од самоникнати растенија со исклучителен квалитет, повеќекратно потврден.

Хипократ рекол ”Твојата храна нека биде лек”. Лековитите растенија, концентрирани со витални и хранливи состојки, комплетно се содржани во оваа препорака на таткото на современата медицина. Познавањето на природата на состојките кои ги внесувате во организмот е од големо значење за поголемиот дел од здравствено свесната популација, насочена кон обезбедување и одржување на добро здравје по природен пат.

Од извонредно богатата ризница на природата ќе се задржиме на магданосот (Petroselinum crispum F, Apiaceae/Umbelliferae) - зачинско и лековито растение.

Магдоносот е растение кое со своите лековити дејства го надминува статусот на т.н. зачинска билка. Кај ова на сите нам добро познато растение, медицинската употреба не е спорна; но рангирањето на медицинската употреба парира од “извесни лековити дејства” до “главно медицинско растение”, според д-р Р.Ф. Вајс (Германија). Во понатамошниот дел ќе ги изнесеме научно докажаните дејства на магдоносот, со посебен осврт на чајот од магдонос.

Богата ризница на состојки

Магдоносот има огромно нутритивно и значајно лековито дејство заради богатството на состојките што ги содржи: етерично масло (во плодот 2,5-7%, во листовите и во коренот околу 0,1%), масно масло богато со незаситени масни киселини, флавоноид - апиозид, слузи, шеќери, малку танини и огромно количество различни минерални материи (натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, јод, флуор), витамини (бета каротен, витамините Е, Б1, Б2, Б6,Б12, фолна и пантотенска киселина, биотин, витамините К и Ц), есенцијални масни киселини (хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, триптофан), и антиоксиданти.

Големо нутритивно значење и лековито дејство

Малкумина знаат дека 5-6 гранчиња магдонос содржат онолку витамин А колку што има во 1/4 лажичка рибино масло. Истите 5-6 гранчиња содржат и витамин Ц во количество од 2/3 колку што го има во еден портокал или поконкретно одколу 250 мг/100 гр. магдонос. Магдоносот содржи важни есенцијални аминокиселини кои го градат и штитат организмот. Есенцијалните аминокиселини не ги создава организмот, туку се внесуваат со исхраната. Особено е интересен фактот за присуство на аминокиселината хистидин која најверојатно го спречува развојот на тумор клетките во организмот. Количеството на витамините А и Ц и присутните аминокиселини значително ја зајакнуваат борбата против канцерозните заболувања.

Магдоносот не е само декорација или гарнир; поради огромното нутритивно значење се препорачува магдоносот да се користи многу често во исхраната.

Големото дејство на магодносот е диуретично, што значи тој предизвикува зголемено излачување на вишокот течности, преку зголемено измокрување. Во контекст на ваквото дејствување, тој се употребува за намалување на зголемен крвен притисок. Како резултат на зголемената диуреза, се намалува количеството на калиумот кој е неопходен за нормално функционирање на речиси сите ситеми во организмот. Затоа, ако често користите чај од магдонос, бидете сигурни дека внесувате доволно калиум со исхраната и тоа особено банани и монгу свеж зеленчук.

Пред вклучувањето на магдоносот во секојдневната терапија при овие индикации, Ви препорачуваме задолжително да се консултирате со Вашиот доктор.

Исто така, диуретиците, па и магдоносот, помагаат при олеснување од чувството на надуеност, предизвикано од ретенција (задржување) на течности при ПМС (предменструален синдром). Кај жени кај кои се јавува ова чувство се препорачува консумација на чај од магдонос за време на предменструалните денови.

Диуретици и магдонос не се препорачуваат на бремени жени и доилки, освен во мали количества како зачин.

Против алергии

Според некои студии, магдоносто ја инхибира секрецијата на хистамин, супстанца која организмот ја продуцира при алергиски реакции. Антихистаминското дејство на магодносто помага при алергии, поленски трески, астма и друг вид алергиски манифестации.

Во летните периоди ладниот чај од магдонос пријатно “е Ве освежи истовремено намалувајќи ја опасноста од алергиски реакции.

Други дејства

Една од состојките од етеричното масло има антипиретски особини и чајот од магдонос помага при трески и состојби проследени со зголемена телесна температура.

Чајот од магдонос е ненадминат пречистувач на жлездите, црниот дроб и жолчката.

Во интерес на целосен естетски изглед

Може да се користи и како тоник за кожа и има благи антибактериски својства, што го прави соодветен при помали инфекции. Високото ниво на хлофорил восвежиот магдонос го прави незаменлив како освежувач и ефикасен отстранувач на лошиот здив.

Кога се работи за чаеви важни за општата здравствена состојба и за нивните корисни дејства, чајот од магдонос секако е еден од најдобрите. Впрочем, при првите знаци од заболување, чајот од магдонос ќе ви помогне на патот кон оздравување. Редовната примена на овој чај претставува исклучително закрепнување.

Приготвување: 1-2 филтер ќесички се прелеваат со превриена вода и се остава 10 минути. Се конзумира топла или ладна напивка, засладена по желба.


Наjновo од Здравје
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Предност на големиот задник
Воспалени синуси - антибиотици не
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
Со шпаргла до здравје и среќа
Исхраната при контрола на епилепсијата
Со јогурт против алергија
Доматот и ризикот за заболување од астма
Млекото не дебелее
Моќта на овошјето
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи