понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Здравје / Исхрана

Вегетаријанците се подобри љубовници

Соја, производите со етикета „посно“, како и продавниците за здрава храна се се повеќе присутни на нашиот пазар. Типичните месојади и обожавателите на балканската кујна со негодување гледаат на тој нов тренд, застанувајќи во одбрана на запржените сармички „со три прста маст“, свинското и домашните колбаси. Дали се во право кога велат дека растителната исхрана е еднолична и не ги содржи сите хранливи материи?

Вегетаријанството не е помодарство на 21 век, античките списи сведочат дека таков начин на исхрана практикувале Питагора и Сократ. Низ вековите им се придружиле Леонардо да Вичи, Толстој, Ниче, Ајнштајн, Едисон, Виктор Иго, Ганди и многу други.

Според податоците на ОН, денес две третини од светската популација се вегетаријанци. Меѓу нив има и врвни спортисти, што ги побиваат заблудите дека за поголемите напори на организмот му е потребно месо.

Споредувањето на хранливите вредности покажало дека 100 грама свинско месо содржи 18,7 милиграма протеини, а истата количина на соја содржи дури 43,2 милиграма. Бадемите, ф’стаците, грашокот, гравот, млекото и рибата исто така содржат повеќе протеини од месото. Спанаќот во секоја калорија има 14 пати повеќе железо отколку говедската шницла, а со оваа состојка изобилуваат и цвеклото, кељот и доматот.

Податоците за физиолошките одлики на човекот не говорат во прилог дека сме природно предодредени за јадење месо. За тоа би требало да имаме канџи, конвексни предни заби со кои животните – месојади го фаќаат и кинат пленот. Дигестивните органи на човекот се дванаесет пати подолги од човечкото тело. Многумина од таа група, како што се кучето, имаат монохроматски вид, бидејќи важно им е само да го фатат пленот. Тревопасните, вклучувајќи го и човекот гледаат во боја за да можат да ги запазат обоените плодови на разлистените дрва и грмушки.

Медицината одамна признава дека за појавата и напредувањето на многу болести одговорна е исхраната богата со животински масти. Уште во 1961 година магазинот на Американското медицинско здружение објавило дека од 90 од 97 отсто од срцевите заболувања може да се спречат со вегетаријанска исхрана.

По долгогодишно внесување на животински масти во организмот, на внатрешните ѕидови на крвните садови се таложат масни наслаги, кои предизвикуваат појава на артериосклероза. Отежнатата циркулација е посебно проблематична за мажите. Поради слабата циркулација во сите органи, вклучувајќи го и половиот орган, настануваат проблеми со ерекцијата. Со оглед дека вегетаријанците во организмот не внесуваат масти од животинско потекло, нивниот сексуален живот нема такви проблеми, па оттука се и подобри љубовници од месојадите.

Истражувањата на Американската академија на науки укажува и на врската меѓу разните облици на рак и на месната исхрана. Во книгата „Белешки за причините за ракот“ Расел Роло наведува: „Открив дека од 25 нации каде се јаде месо во големи количини, кај 19 е регистриран висок процент на заболени од рак, а само кај една процентот е низок. Од друга страна, од 35 нации кои јадат малку месо или воопшто не го јадат, нема ниту една каде е забележан висок процент на заболени од рак“. Истражувањата покажуваат дека жените кои секојдневно јадат месо имаат четири пати поголем ризик од рак на дојка, за разлика од оние кои месото го јадат еднаш неделно.

Освен здравствените, постојат и етички причини за вегетаријанството. Бенџамин Френклин јадењето месо го нарекол „убиство без повод“. Сепак, ретко кој се сеќава дека шницлата во чинијата му припаѓала на суштество кое доживеало насилна смрт. Определбата за растителна исхрана писателот Бернад Шо ја објаснил со зборовите: „Животните се мои пријатели, а јас своите пријатели не ги јадам“.

Доколку етичките причини не ви се доволно убедливи, тогаш поради здравствени причини размислете за вкусните вегетаријански кулинарски специјалитети.

Доколку се уште верувате во традиционалната „балканска кујна“, во која оброкот без месо не е оброк, проверете ги природните инстинкти на човечкото суштество. Ставете пред дете јаболка и кадифен зајак. Дали ќе се игра со јаболката, а ќе се обиде да го изеде зајакот?

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Осум јагоди за долг и сладок живот
Чајот го чува мозокот
Марихуаната и срцевиот и мозочниот удар
Тофу за здравје
Вакцината против менингитис Б делува
Со доење против артритис
Од голем стомак до деменција
Вегетаријанците се подобри љубовници
Откриен генот што го поттикнува апетитот
Акриламидот предизвикува рак на бубрези
Природата ни нуди детоксикација
Жените јадат поздраво од мажите
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи