среда, 21.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Здравје / Исхрана

Биохрана - нов тренд

Во Германија се поголем број луѓе преоѓаат на био исхрана, т.е. на еколошки чисти производи. - Станува збор за производи при чие одгледување не се користи минерално ѓубриво, пестициди, фунгициди и други отровни материи.
    
Постои ли поврзаност меѓу она што го јадеме и „здравјето“ од природната средина? Дали е оправдан транспортот на далечните егзотични овошја?  Ова се прашања кои станаа тема број еден во Германија, земја во која луѓето многу се грижат за начинот и квалитетот на својата исхрана.

На прв поглед изгледа чудна помислата дека прехранбените производи можат да нанесат штета на природната средина, но тука нема ништо чудно - затоа што од производот кој ќе го донесеме дома, од месото кое го купуваме во амбалажа во која тоа месо е спакувано и испушта јаглендвооксид во атмосферата.

Германија на почетокот на 21 век е постиндустриска земја со многу висок животен стандард и нејзините продавници за храна, без оглед на падот на стопанството, се шаренеат од изобилство на различни производи. На полиците на супермаркетите се нудат не само домашно овошје и зеленчук, туку и сите можни егзотични плодови.

Исто е и кога станува збор за гастрономијата. Германците сакаат да одат во ресторанти и ова задоволство можат да си го дозволат и неколку пати неделно. Ресторантите нудат практично се што може душа да ти посака: јадења од француски, шпански, перуански, кинески, аргентински и руски готвачи.

Рекламите на телевизија актвино предлагаат купување на егзотично прекуокеанско овошје, при што авторите на овие реклами ветуваат дека дел од парите од продажбата на овошјето ќе ги донираат во добротворни цели - на пример, за спас на тропските шуми.

Никој при тоа не спомнува колку се испушта јаглендвооксид во атмосферата при превозот на ова овошје во Европа.

Меѓутоа, во Велика Британија и Холандија, веќе воведоа налепници за овошјето, зеленчукот и пекарските производи на кои се истакнува колку јаглендвооксид се испуштило во природната средина при одгледување или производство на овие производи, а некои земји, вклучувајќи ја Германија, размислуваат за преоѓање на домашно овошје и заленчук, објавено е на интернет страницата HYPERLINK "http://www.world.de"www.world.de.

Прашањето, како промената на начинот на исхраната може да ја намали штетата која се нанесува на природата, се почесто го поставуваат не само заштитниците на животната средина, туку и политичките претставници и здруженија кои предлагаат различни начини за решавање на овој проблем.

Еден од начините за намалување на штетата е преоѓање на биопроизводите, т.е. еколошки чистите производи при чие одгледување не се користи минерално ѓубриво, пестициди, фунгициди и други отровни материи, а борбата со штетниците се води на стар начин - рачно.

Поборниците за биопроизводите тврдат дека тие имаат сосем поинаков вкус, што е можно, бидејќи производот се преработува многу внимателно со цел максимално да се зачуваат хранливите состојки. Тука додатоците во вид на синтетички засладувачи, конзерванси или ароматизери се табу.

Купувајќи биопроизводи - на пример, јаболка - јасно ви е дека во рацете имате вистинско овошје кое треба да се јаде свежо бидејќи бргу се расипува, за разлика од увозното, обработено со непознати хемиски супстанци кои на преку океанските овошја им даваат „долга младост“ и можат да се чуваат со месеци.

Денес под маркицата „био“ може да се продаде практично се - од зеленчук и овошје до биосладолед и биопијалак, при што биопроизводите доспеваат и во кошницата на богатите луѓе, тие кои по секоја цена настојуваат да не заостануваат со модниот тренд. Во Минхен се отворени и ресторани во кои сите јадења се подготвуваат само од биопроизводи.

Друг правец кој овозможува намалување на емисијата на јаглендвооксидот е помала потрошувачка на јунешкото и свинското месо, па дури и нивно исклучување од исхраната. Еколозите предлагаат преоѓање на поздраво пилешко и мисиркино месо бидејќи така помагаме и на природната средина и на самите себе.

Што помалку јадете месо, помалку се изложувате на ризикот од кардиоваскуларни болести, велат лекарите.

Статистичките податоци покажуваат дека во Германија начинот на исхраната е втор фактор за ризици (веднаш по пушењето) да се заболи од разни болести. Причината е едноставна: болката на современото општество е дебелината чии последици можат да бидат кардиоваскуларни болести, дијабетис и рак.

Кога се размислува за ова, до што не доведе најновото достигнување на науката и техниката, прогнозите за иднината се многу загрижувачки. Дали ќе мораме целосно да се одречеме од месото и да заборавиме на шеќерот или ќе преминеме на азиските деликатеси - ларвите и бубалките?

Според прогнозата на австрискиот научник Хани Руцлер, нашиот начин на исхрана ќе се промени на подобро, а оваа тенденција може да се нарече „враќање кон изворите“.

Потрошувачите ќе даваат предност на свежите производи, ќе се намали потрошувачката на мастите, шеќерот и солта, но и при подготвување на јадењата ќе се користи знаењето од традиционалната медицина.

Во Германија уште сега постојат ресторани каде се зема предвид теоријата на основните елементи и енергетските текови. Нивните посетители одбираат јадења водејќи се од состојбата и расположението на својот организам.




Наjновo од Здравје
Биохрана - нов тренд
Стресни трудници раѓаат астматични и алергични деца
Проблемите со ерекцијата поврзани со срцето
Какото го намалува притисокот
Намалете ги килограмите со сокови од зеленчук
Музиката го намалува притисок
Исхрана за добро помнење
Со овошје против атеросклероза
Зелената салата ги штити белите дробови
Минерали за здрав организам
Осум јагоди за долг и сладок живот
Вегетаријанците се подобри љубовници
Откриен генот што го поттикнува апетитот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи