сабота, 22.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Исхрана

Минерали за здрав организам

Исхраната која е богата со витамини, но и со неопходните минерали може да го намали холестеролот, зајакне имунитетот, забрза зараснувањето на раните, но и да ја зголеми плодноста кај мажите. Минералите се особено важни за организмот. Неопходни се за создавање на крвта и на коските, за зачувување на нервниот, еднокриниот систем и мускулите, како и за крвните садови. Недостатокот на било кој од овие минерали, на пример калиум може да предизвика проблеми во работата на срцето. Најдобар извор на калиум е рибата, зеленчукот и овошјето.

ФЛУОРИД

Флуоридот е облик на флуор кој е неопходен за коските. Помага при создавање на цврста и отпорна забна глеѓ и значајно ја зголемува цврстината и трајноста на коските. Флуоридот го има во водата од чешма, чајот, желатинот и во морската риба

НАТРИУМ

Сите телесни течности како што се крвта, солзите, потта содржат натриум. Но со калиумот и хлоридот се помага за правилно распоредување на течноста, за контролирање на стегањето на мускулите, а важен е и за работата на нервите. Негов извор се солените намирници и соја сосот.

ЈОД

Одговорен е за правилен развој и работа на штитната жлезда. Недостатокот на јод може да доведе до зголемување на штитната жлезда. Најдобар извор на овој минерал е јодираната сол, но добри извори се и јогуртот и морската трева.

МАГНЕЗИУМ

Важен е за здравото функционирање на нервите и мускулите, вклучувајќи го и срцето. Од витална важност е за правилниот раст на коските. Добар извор на магнезиум се житарките, мешункастите растенија, семките и зелениот зеленчук, производите од соја, лешниците, оревите и минералната вода.

КАЛЦИУМ

Дури 98 отсто од калциумот се наоѓа во коските. Остатокот е во крвта и учествува во метаболичните функции. Калиумот исто така има важна улога во контрола на нервните рецептори и на мускулната контракција. Го наоѓаме во млечните производи и рибата.

ЦИНК

Помага во одржувањето на здравиот имунитет. Важен е за здравјето на репродуктивните, особено машките, органи. Се наоѓа во месото, рибата, грашокот, семките од тиква, печурките и пивскиот квасец.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Нов лек против сида ?
Интегративна медицина за добро лекување
Прво пресадување на орган од основни клетки
Чај од хибискус за контрола на притисокот
Сокови од цеден зеленчук
Колабирал играјќи на компјутер
Сојата како афродизијак
Витамините Е и Ц не штитат од срцеви заболувања
Со кантарион против депресија
Со суви сливи против атеросклероза
Целерот непресушен извор на здравје
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
Со мирис на ванила против гладот
Детоксикација за здраво слабеење
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи