Здравје / Исхрана
Исхрана за добро помнење

Таканаречената храна за мозок го намалува и забавува губењето на помнењето. Овошјето со силни бои содржи фитохемикалии кои се неопходни за мозочните келии.
Црвениот пигмент антоцијанин се наоѓа во црвеното и виолетовото овошје: црвениот кромид, цвеклото и црвеното вино. Кверцетинот кој е дел од незасладеното какао, а се наоѓа и во кората од јаболкото и крушата, исто така помага во одржување на свежото помнење. Ако исхраната изобилува со витамин Б и омега 3 киселини, ќе го забавите губењето на помнењето за 10 отсто. Мозокот порачува да уживате и во кафето, но во умерени количини.
Совет: Од исхраната исфрлете ги крофните, хамбургерот, помфритот и сладоледот. Намалете го времето минато пред телевизорот. Истражувањето, кое во 2005 година било спроведена врз деца, покажало дека оние кои не гледале телевизија имале подобро помнење од оние кои секојдневно седат пред малите екрани.
(Д.Т)
|