Здравје / Исхрана
Осум јагоди за долг и сладок живот

Јагодите веќе стигнаа на пазарите. Со огледа на тоа дека се особено здраво и лесно овошје, а кое го нема во текот на целата година, искористете ги на секој можен начин.
Само 150 грама јагоди е доволно за да се задоволат дневните потреби за витамини, тврдат експертите. Тоа е отприлика осум јагоди на ден, кои и на децата и на возрасните им ја даваат потребната количина на витамини. Ефикасни се и во борбата против канцерогените болести, а делуваат и превентивно на разни заболувања. Одличен се десерт, одлични се во колачи, за сосови, сокови и за шејкови.
Еден од наједноставните начини за уживање во јагодите е да го испиете нивниот сок. За да направите сок од јагоди, потребно е да ги исечкате, измиксирате, зашеќерите, и да додадете малку лимонов сок. Во припремениот сок можете да ставите неколку вафли или да го искористите како прелив за колачи.
(Д.Т)
|