четврток, 22.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Здравје / Исхрана

Какаото го намалува притисокот

Храната богата со какао може да го намали крвниот притисок, додека чајот го нема тоа својство, тврдат експертите од универзитетската болница во Келн.

На лицата кои страдаат од зголемен крвен притисок им се препорачува повеќе да јадат овошје и зеленчук бидејќи во нив има полифенол или флавоноид кои пак придонесуваат за нормализација на притисокот и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Во западните земји полифенол најмногу се внесува преку чајот и какаото, а сепак овие намирници не се внесени во препораката за исхрана за болните од срце, истакнува германскиот научен тим, предводен од доктор Дирк Тојбер.
Експертите од Келн анализирале 10 истражувања, од кои пет се однесувале на влијанието на какаото, а пет на влијанието на чајот врз крвниот притисок. Со студиите кои се однесувале на какаото биле опфатени 173 испитаници, од кои 34 биле со хипертензија.

Во четири од пет студии е констатирано намалувањето на систолниот (горен) и дијастолниот (долен) притисок кај лицата кои консумираат какао.

Систолниот притисок кај тие пациенти бил за 4,7 милиментри на пониско ниво на живиниот столб, додека дијастолниот во просек за 2,8 милиметри.

Таквиот ефект може да се спореди со оној што се постигнува со медикаментите против хипертензија, велат германските научници. Ваквото намалување на притисокот придонесува за околу 20 отсто да се намали ризикот од шлог, за 10 отсто ризикот од коронарни болести и за осум отсто од смрт од било која причина.

Од друга страна, ниту едно од петте истражувања кои се однесувале на влијанието на чајот не покажало дека напивката има никакво влијание врз хипертензијата. Според германските истражувачи причината за се наоѓа во разликата на видот на растителниот фенол што го содржи чајот и какаото.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Биохрана - нов тренд
Стресни трудници раѓаат астматични и алергични деца
Проблемите со ерекцијата поврзани со срцето
Какаото го намалува притисокот
Намалете ги килограмите со сокови од зеленчук
Музиката го намалува притисок
Исхрана за добро помнење
Со овошје против атеросклероза
Зелената салата ги штити белите дробови
Минерали за здрав организам
Осум јагоди за долг и сладок живот
Вегетаријанците се подобри љубовници
Откриен генот што го поттикнува апетитот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи