Здравје / Исхрана
Храна против висок холестерол
Нема поента да се негираат фактите дека здравата исхрана е првата одбранбена линија кога е во прашање холестеролот. Овие намирници би требало да ги намалите во својата исхрана, па дури и да ги елиминирате доколку ви дијагностицираат зголемен холестерол.
1 – Производи и полномасно млеко
Од производите како што е сладоледот или полномасното млеко префрлете се со на диеталните јогурти или на помалку богатите моцарела сирења.
2 – Преработени месни производи

Колбаси, салами, виршли и слично лошо влијаат на холестеролот, кога ги купувате побарајте ги оние со помала масност, на пример пилешки виршли и колбаси.
3 – Помфрит
Се вели дека помфритот е вистински убиец. Речиси и да не постои полош начин да го зголемите холестеролот со порција помфрит.
4 – Тропски масла
Кокосова масло, авокадо и слично. Иако нивото на лошиот холестерол во нив варира, обидете се да ги замените ги со маслата кои содржат здрави маснотии, како на пример маслиновото масло
5 – Колачи

Колачи, посебно фабричките, спакувани слатки печива и колачи
Но, постојат и намирници кои ќе ви помогнат во борбата против зголемениот холестерол. Ова се некои од нив. Вметнете ги својата исхрана.
1– Бадеми

Само четврт филџан бадеми дневно може да го намали холестеролот за околу 4,4 отсто, тврдат научниците. И останатите јатковидни плодови се добри, но бадемите предничат, секако не оние кои се прчени на масло, туку непреработени.
2 –Зобеста каша
Инстант пакувања во вреќички се подеднакво добри колку и традиционалната зобеста каша. Посебен ефект ќе постигнете ако во кашата додадете и некое шумско овошје.
3– Морски плодови
Рибата богата со омега-3 масни киселини спаѓа во групата на намирници познати по „добрите“ маснотии, а особено рибата како што е лососот и туната.
4– Црвено вино

Чаша квалитетно црвено вино може да ви помогне да го намалите холестеролот и во борбата со останатите срцеви заболувања.
5- Соја
Сојниот грав и општо производите од соја помагаат при намалување на холестеролот.
(Д.Т)
|