вторник, 27.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Здравје / Исхрана

Функционална храна - нов тренд на лекување

Поимот функционална храна се однесува на намирници кои со долгорочно консумирање може превентивно или терапевтски да се влијае врз одредени аспекти на човековото здравје.

Уште пред 2500 години, Хипократ изјавил: „Нека храната биде лек, а лекот нека биде храна“.

Со својата мудрост и визионерска изјава Хипократ уште тогаш навестил за можноста за лекување со храна, наместо со медикаменти. Оттогаш, па до денеска, истражувањата за влијанието на исхраната врз нашето здравје се движат во нагорна линија, а движењето кое ја промовира идејата за здрава храна се повеќе се зајакнува, не само во светот, туку и кај нас.

Терминот за првпат се јавува во Јапонија, земјата која прва ја призна функционалноста на храната и ја дефинираше како алтернатива на медикаментите.

Првиот сертификат за припаѓање на некоја храна во групата на функционална храна се викаа FOSHU (Foods for Specified Health Use – храна за посебна здравствена употреба). Овие сертификати денеска ги издава јапонското министерство за здравство.

Во Јапонија постојат повеќе од 100 видови на функционална храна, за кои се издадени дозволи и препораки.

Синергична и потполно компатибилна со која било фито или медикаментна терапија, функционалната храна овозможува и огромни заштеди во здравствената заштита на луѓето.


Таа честопати може, повеќе или помалку да биде замена за скапите лекови, кои со себе го носат ризикот за појава на различни попратни појави.

Функционалната храна, пред се поради силното фармацевтско лоби во САД, долго време не беше признаена во САД, поради што стана и предмет на бројни истражувања на многубројни организации, како на пример Institute of Medicine’s Food and Nutrition Board. Уште во 1994 година настана нова наука во рамките на американската прехранбена индустрија, „Food and Nutrition science“.

Нутриционистите и докторите за хигиенска исхрана, функционалната храна ја нарекуваат и „медицинска храна“. За да биде појасно, треба да се наведе дека во оваа храна спаѓа и инфузиониот раствор.

Според структурата, функционалната храна може да биде цврста, во облик на енергетски плочки, во прав, во облик на снегулки, како и течна во облик на шејкови и напивки. Таа претставува потполна спротивноста на fast food храната.

Американската агенција за лекови и покрај долгото противење и отпорот на фармацевтската индустрија, сепак ги призна благодатите на функционалната храна.

При редукција на зголемената вредност на триглицеридите, LDL или таканаречениот лош холестерол и шеќер во крвта, две лажици на функционална храна за појадок или вечера значително влијае на вредноста.

Терапијата или превентивата со функционална храна не носи ризици, бидејќи со неа не се јавуваат контраиндикации, ниту пак споредни ефекти. За сега нема информации за евентуална интеракција со другите препарати, поради што оваа храна може да се користи неограничено време.

Овој тип на храна претставува и оброк и терапија. Консумирањето на функционална храна може да помогне во намалувањето на огромните трошоци на здравствените буџети, кои годишно на сметките би заштедиле, според некои процени и до десетина милиони евра.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Функционална храна - нов тренд на лекување
Ракот на дојка и соочување со психичките кризи
Фолната киселина важна при бременоста
Црното вино ја намалува опасноста од заболување на црниот дроб
Исправеното седење лошо за грбот
Откриена причината за “вселенската болест“
Прилагоденото време за јадење ги лечи болките
Храна против висок холестерол
Црешите подобри од аспирин
Брокулата го штити срцето
Биохрана - нов тренд
Какаото го намалува притисокот
Намалете ги килограмите со сокови од зеленчук
Исхрана за добро помнење
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи