недела, 01.06.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Исхрана

Умерено со јадењето риба

Нутриционистите често пати порачуваат, доколку сакате правилно да се исхранувате, јадете повеќе риба. Лошото е  што во денешно време, рибите кој се хранат со други риби и има поголема тежина може да имаат зголемено количество на жива, што е последица на загадувањето од индустриските и енергетските погони. Живата се таложи во езерата и морињата, оттаму доаѓа и во рибата.

Поради тоа Американската управа за храна и лекови и Агенцијата за заштита на природната средина издадоа препораки во кои се истакнува дека жените кои сакаат да забременат, кои се во блажена состојба или дојат, како и малите деца не би требало да јадат повеќе од 350 грама риба неделно.

Но, во една понова студија се наведува дека консумирањето риба е особено добро, посебно кога станува збор за таканаречената „масна“, сина риба, бидејќи служи како превенција од повеќе болести. Новата студија потврдува дека ползата од консумирањето риба е поголема од лошото влијание на живата.

„Ползата од консумирање риба е поголема од потенцијалниот ризик“, вели др. Дару Мозафаријан од медицинскиот факултет при Харвард, кој со своите колеги го истражувал влијанието на рибата врз човековото здравје.
Според Мозафаријан, доколку рибата содржи жива, може да имате само помала полза, но целокупниот ефект и понатаму е позитивен.

„Исти ефекти имаат и другите токсини кои во големи количини можат да предизвикаат рак. Од друга страна, ние многу повеќе од тие токсини внесуваме со месото, млекото и зеленчукот, отколку со рибата“, вели Мозафаријан.


Сепак, некои жени треба да ги избегнуваат рибите со висок процент на жива.

„Нашите сознанија се совпаѓаат со истражувањата на Федералната управа за лекови и нивните советници, кои се однесуваат на жените кои се во репродуктивниот период, доилките и децата. Тие би требале да избегнуваат да јадат ајкула, сабјарка, златен гргач или кралска скуша“, предупреди Мозафаријан.

Во останатите случаи, жените би требало два пати неделно на менито да имаат риба.


„Утврдивме дека умереното консумирање на риба, еднаш до два пати неделно е доволно за да го намали ризикот од срцев удар за 35 отсто, што е особено значајно“, вели Мозафаријан.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Млекото ја намалува телесната тежина
Диета за болестите на црниот дроб
Како да живеете со низок притисок
Пицата извор на антиоксиданси
Кариесот се јавува и кај бебињата
Умерено со јадењето риба
Функционална храна - нов тренд на лекување
Фолната киселина важна при бременоста
Прилагоденото време за јадење ги лечи болките
Храна против висок холестерол
Црешите подобри од аспирин
Брокулата го штити срцето
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи