Здравје / Исхрана
Пицата извор на антиоксиданси

Истражувачите од Мериленд откриле дека познатиот италијанси специјалитет пица може да стане драгоцен антиоксиданс. Пица мајсторите знаат дека со долго печење тестото на повисока температура, пицата станува повкусна, но веројатно тоа што досега не го знаеле дека тоа ја прави и поздрава за јадење. Студијата на научниците од Мериленд укажува дека ваквиот начин на припрема придонесува за зголемување на количината на антиоксидансите, особено што станува збор за тесто од интегрално брашно. Со печење на високи температури количината на антиоксидансите се зголемува за 82 отсто, но тоа не значи дека тестото треба да изгоре. (Д.Т)
|