Здравје / Исхрана
Диета за болестите на црниот дроб

Црниот дроб е мета на многу болести, кои може да бидат поврзани со надворешни фактори, како што е животниот стил, но болестите на црниот дроб може да бидат и последица на некои патолошки состојби во организмот, чии продукти се метаболизираат во црниот дроб и на тој начин го оштетуваат.
Најчести болести на црниот дроб се: акутниот и хроничен вирусен хепатитис (предизвика од вирусните А, Б или Ц) алкохолна болест на црниот дроб, медикаментозно оштетување на црниот дроб, цироза (алкохолна, растителна и Вилсонова цироза, како и туморите на црниот дроб. Без разлика на етимологијата, со специфична терапија за секоја од нив, медицинската диета кај болестите на црниот дроб се исти.
Дозволени јадења и пијалаци:

СУПИ: Немасни супи од месо, супи од зеленчук (во супата може да се додадат сите видови на тестенини, ориз или гриз). МЕСО: Немасно телешко, младо немасно говедско, немасна риба, живина. ЗЕЛЕНЧУК: компир (варен, пире), спанаќ, карфиол, морков, келераба, шпаргла, тиквичка, цвекло, домати, свежи краставици. ТЕСТЕНИНИ: Сите видови на леб, земички, печива, бисквити, переци, палачинки, сите видови на варени тестенини, кнедли од ориз и гриз, пудинзи. ОВОШЈЕ: Сите видови на овошје (свежо и варено), компоти, овошни сокови. СЛАТКИ ЈАДЕЊА: сутлијаш, пченица, мармалад, џемови, мед. ОСТАНАТИ ЈАДЕЊА: Гриз, ориз, пченкарно брашно, зобни снегулки, свежо кравјо сирење, јајца, грав, репа, кељ, зелка, леќа и ротква. САЛАТИ: Зелена салата, цвекло, домати, карфиол, брокула. Сите салати може да бидат зачинети со малку јаболков оцет или лимонов сок. ПИЈАЛАЦИ: Чај, кафе (што е можно поблаго), негазирана вода, млеко, топло чоколадо.
За подготовката на секоја храна, во текот на денот за сите оброци заедно можете да употребите 60 -80 грама маснотија и тоа масло или маргарин. Јадењето може да биде умерено посолено, но доколку лекарот забрани (поради другите лабораториски вредност) храната се спрема без сол.
Не смее да се јадат премногу врели јадења, ниту пак да се пијат премногу врели пијалаци. Јадењето нека биде вкусно подготвено, разновидно, така што болниот ќе може да изеде одредена количина. Треба да се јаде повеќе пати во текот на денот.
На прво место во исхраната нека бидат јаглехидратите и белковините (брашно, ориз, печеницата, мармаладот, медот, овошјето и овошните сокови, лебот немасното говедско и телешко месо, свежото кравјо сирење, јајцата, млекото). Дневните оброци нека содржат околу 120 – 150 грама белковини, а само 60-80 грама масти, а остатокот нека го сочинуваат јаглехидратите. ОРИЕНТАЦИСКИ: 300 грама месо – 60 грама белковини, 250о грама свежо кравји сирење = 40 грама белковини, литар млеко = 35 грама белковини…
Забранети јадење и пијалаци:

• Свинска и гускина маст, сланина, путер, високо масни маргарини, лој • Суво месо, колбаси, свинско, масно говедско, патка, гуска, гускин дроб, салами, чварци, конзервирано месо, кавијар • Сос од лик или кромид, сенф, мајонез (со или без додатоци) сите видови на сос кои се создаваат со печење на месо. • Сите стари сирења и/или сушени • Бадеми, ореви, лешници • Феферони, пиперка, јаки зачини и дресинзи, бибер, мускатно оревче. • НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНУВААТ СИТЕ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ • ПОТРЕБНО Е ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ПУШИТЕ
(Д.Т)
|